Аларм aутоматика на Adria Security Summit – На бранот на безбедноста

Аларм aутоматика и оваа година е партнер и дијамантски спонзор на најголемиот регионален настан во индустријата за безбедност – Adria Security Summit 2025.
Повеќе од 35 години пловиме заедно со нашите доверливи партнери на бранот на безбедноста, со чија поддршка и оваа година претставуваме низа иновативни и доверливи безбедносни и сигурносни решенија за заштита за сите учесници во процесот – инсталатери, мониторинг центри, проектанти и крајни корисници.
Посетете го изложбениот простор на Аларм Аутоматика и презентациите преку кои на Самитот ќе бидат претставени нашите безбедносни и сигурносни решенија!
Воведно предавање – Трендови во решенијата за безбедност и сигурност
8.10.2025., 10:50 -11:10, Главна конференциска сала

Борис Поповиќ, MBA, CEO i Тијана Коцевска, дипл. ел. инж., Извршен директор, Аларм Аутоматика ДОО, Скопје
Забрзаниот развој на технологијата им овозможи на професионалците во индустријата за безбедност и сигурност високо ниво на креативност во секојдневната работа на осмислување решенија за заштита за своите клиенти. Интеграцијата на сите технички системи во објектот е значително зголемена, што резултира со бескрајни можности за проширување на примената на системите за техничка заштита при управување со бизнисот, на пример потрошувачка на енергенси и вода, продажба на билети, паркинг или сообраќај. Бројни примери од праксата докажуваат дека елементите на системите кои вообичаено се користат за техничка заштита можат да се користат за многу повеќе од нивната првична намена.
Стручно предавање – Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти
8.10.2025., 14:30 do 17:15, Главна конференциска сала
За проектанти, систем интегратори на безбедносни системи и лиценцирани фирми за испитување на системи за дојава на пожар

Ведран Михаљевиќ, дипл. ел. инж., инженер за развој и Рената Дончевиќ, маг. ел. инж., член на Управата за проектно работење
Мерките за заштита од пожар навлегуваат во различни сфери на градење и користење на објекти. Покрај градежните и организациските мерки, заштитата од пожар опфаќа и разни електронски системи чија цел е да обезбедат рана детекција на пожар, брза сигнализација до луѓето кои се наоѓаат во просторот зафатен од пожар и до противпожарната служба, како и безбедна евакуација на луѓето.
На предавањето ќе се зборува за важни аспекти на воспоставување мерки за заштита од пожар – прописите кои ја регулираат и техничките аспекти важни за правилен избор на опрема и решенија.
Најавете го вашето присуство на предавањето и обезбедете си примерок од Прирачникот за проектирање на интегрирани системи за заштита од пожар!
Панел дискусија – Заштита од пожар – регулатива и нејзина примена
8.10.2025., 17:15 – 18:00, Главна конференциска сала
Примената на мерките за заштита од пожар е регулирана со посебни прописи во сите земји од регионот и подложна на инспекциски надзор. На панел дискусијата Заштита од пожар – регулатива и нејзина примена ќе се зборува првенствено за примената на важечките прописи (закони и правилници) и технички норми, ефектот на одредени одредби врз противпожарната безбедност и потребата за модернизација на прописите.
Панел дискусијата е продолжение на стручното предавање Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти кое ќе се одржи претходно. Панелисти ќе бидат претставници на различни тела задолжени за примена и надзор на противпожарната заштита – Министерството за внатрешни работи на Македонија, Министерството за внатрешни работи на Хрватска, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Комората за техничко и приватно обезбедување на Македонија.
Презентација – Нови решенија за професионалци во техничката заштита
9.10.2025., 11:30 – 12:30, сала Sherlock Holmes
За инсталатери и мониторинг центри

Професионалците во техничката заштита, инсталатери и мониторинг центри, постојано бараат новитети кои ќе им овозможат да понудат иновативни, скалабилни и сигурни решенија за заштита на своите корисници.
На презентацијата Нови решенија за професионалци во техничката заштита ќе бидат претставени токму такви решенија достапни во понудата на Аларм аутоматика. Решенијата се базирани на опрема од реномирани производители која може да се прилагоди на барањата на различни апликации, овозможува едноставно управување и инсталација, брз далечински пристап до уредите и системите за надзор и одржување, како и ценовна исплатливост.
Изложба
На изложбениот простор ќе ги претставиме нашите новитети во понудата, како и новитетите на долгогодишните доверливи партнери на Аларм аутоматика.

Adria Security Summit 2025. ќе се одржи на 8. и 9.10.2025., Хотел Александар Палас, Бул. 8 Септември бр. 15, Скопје
Влезот на Самитот е бесплатен со претходна регистрација на официјалната веб-страница на организаторот Упатствата за регистрација се достапни овде!