Select Page

Евакуациски разглас (EVAC)

Интересот за имплементација на EVAC системите во земјите од регионот е се поголем затоа што инвеститорите сакаат да го зголемат нивото на безбедност и да ги усогласат безбедносните стандарди со оние кои веќе се вообичаени во ЕУ. Најголем број на имплементации е во објектите во кои се движат голем број на луѓе како што се: хотели, трговски центри, болници, училишта или деловни објекти.

Предности на EVAC системите

Проблемот на сите големи објекти во кои се собираат голем број на луѓе е што во случаите кога е потребна евакуација посетителите не се снаоѓаат во просторот, не ги познаваат евакуациските патишта, а ситуацијата ја отежнуваат работи како различни возрасти и проблеми со слухот. За да се забрза евакуацијата, да се избегне гужвата на евакуациските патишта, лутањето по просторот и паниката кај луѓето, во современите јавни објекти се почесто се користи EVAC (Voice Evacuation System – Систем за Гласовна Евакуација).

 

  • Јасна сигнализација на алармната ситуација
  • Побрза евакуација – луѓето побрзо реагираат на гласовните пораки
  • Насочување на луѓето кон безбеден излез, прво се евакуираат зоните (катовите) во кои директно е алармниот настан и сите катови над таа зона
  • Управување со евакуацијата – Автоматско, претходно снимени пораки, Преку микрофон за пожарникарите
  • Слушни јамки (Hearing loops), решение за лица со слаб слух
  • Амбиенталниот и евакуацискиот разглас како единствен систем, висока исплатливост на вложувањето

Зошто ни е потребна гласовна евакуација?

%

од луѓето реагираат на сирените

%

од луѓето реагираат на текстуални пораки

%

од луѓето реагираат на гласовните пораки

* Извор:
Guylčne Proulx, Ph.D,’Misconceptions about human behaviour in fire emergencies’ published in Canadian Consulting Engineer, March 1997, pp36, 38.
David Cantor, ‘Studies of Human Behaviour in Fire: Empirical results and their implications for education and design.’ Published by BRE, July 1985.

Поради карактеристиките на модерните EVAC системи тие се користат и како стандарден, амбиентален, разглас за да репродуцираат музика или промотивни пораки. Овие системи во најголем дел од објектите во потполност ги менуваат системите за јавниот разглас PA (Public Address), па со тоа се добива поповолно решение.

EVAC – Систем за евакуациски разглас
Превземи брошура

Интегрирани решенија за заштита
Превземи брошура

ABsistemDCi – софтверка интеграција за системи за техничка заштита
Превземи брошура

INIM Previdia решение за противпожарна заштита
Дознај повеќе

EVAC – извршен елемент на дојавата на пожар

Управувачки единици за различни апликации

Проектирање на EVAC системи

EVAC – извршен елемент на дојавата на пожар

Во случај на пожар или друга инцидентна ситуација поврзана со евакуацискиот систем, како и кај сите други интегрирани безбедносни системи, управувањето е преку противпожарната централа. Евакуацискиот систем се смета за извршен елемент на дојавата на пожар што значи дека на сите елементи во системот се применуваат одредбите кои важат за противпожарните системи – примена на нормите за проектирање, испитување и редовно одржување.

EVAC | Дојава на пожар и присуство на гасови | Панично осветлување | Одведување на чад и топлина | Управување со гасењето | Контрола на пристап

Елементи на EVAC системот

  1. Централна единица на системот – која управува и ги надгледува сите делови од EVAC системот и комуницира со надворешните уреди – противпожарна централа, извори на звук и сл.
  2. Звучничка контролна картица – ја надгледува исправноста на звучничките линии и врши дистрибуција на аудио сигналот од аудио засилувачот во соодветната зона
  3. Засилувач – основен и резервен, обезбедуваат аудио сигнал за звучничките линии
  4. Централна единица за напојување – обезбедува главно и резервно напојување (со помош на батерии), врши надзор и полнење на батериите и дистрибуцијата на енергијата во различни начини на работа.
  5. Пожарникарски микрофон – им овозможува на пожарникарите (или на други овластени лица), рачно управување со EVAC системот и директно да даваат насоки на присутните во загрозениот простор
  6. Звучници – за различни ситуации се користат различни типови на звучници
  7. Звучнички линии – обезбедуваат непрекинат пат на аудио сигналот во случај на евакуација
  8. Дополнителни делови – аудио извори, зонски повикувачки микрофони и сл.

ABsistemDCi е програмски пакет кој овозможува надзор и управување над сите интегрирани системи за техничка заштита преку единствен интерфејс.

Управувачки единици за различни апликации

Изборот на управувачка единица првенствено зависи од големината и комплексноста на објектот и во основа разликуваме модуларни и компактни управувачки единици какви што во својата понуда ги има Ambient System.

MULTIVES системот е дизајниран за средно големи објекти како и за сложени комерцијални објекти (железнички станици, аеродроми, рафинерии, спортски стадиони, трговски центри итн.). Овозможува вмрежива, стабилна и модуларна структура со до 44 звучнички линии, репродукција на до 12 пораки истовремени, поврзување на до 12 засилувачи во системот.

MINIVES претставува компактен и скалабилен PA&VA систем за помали објекти, со можност за до 8 звучнички линии односно 2x320W засилувач, со вклучено резервен засилувач. Поврзувањето на повеќе единици е возможно со вмрежување преку FO, а секоја единица е опремена со пожарникарски микрофон, екран осетлив на допир, DSP, програмабилни влезови и копчиња сместени во куќиште со IP30 заштита.

Проектирање на EVAC системи

 

Функционалноста на системот зависи од низа параметри кои е потребно да се пресметаат пред да се проектира EVAC системот, проектирањето е со специјални софтвери кои овозможуваат брзи пресметки и симулации кои зависат од акустичноста на просторот и избраните звучници. Софтверите го убрзуваат и изборот на звучници затоа штo содржат бази со податоци за звучници од повеќе производители, а и компатибилни се со останатите CAD алатки.

Освен за позадинската бука како и загрозеноста и акустичноста на просторот, посебно треба да се води сметка за разбирливоста на говорот (STI – Speech Transmission Index), затоа што е важно лицата јасно и без сомневање да ја разберат пораката емитувана преку EVAC системот.

Ambient System we make everyday life safer

Ambient System има повеќе од 20 годишно искуство во производството на иновативни и технолошки напредни решенија за евакуациски разглас. Сите елементи од системот за евакуациски разглас на Ambient System се во склад со задолжителните ЕУ норми.