Select Page

Целосна флексибилност во димензионирањето на системите за дојава на пожар

INIM Previda
INIM tehnologije

Покрај сите напредни технологии претходно развиени од Inim, во Previdia централите е имплементирана и HorNet+ технологија која овозможува вмрежување на Compact и Max противпожарните централи. CREP издвоена тастатура може да се поврзе и со контролни централи што овозможуваат далечински пристап и нивно следење.

HorNet+ технологијата овозможува поврзување до 48 централи или издвоени тастатури во еден сегмент, а во еден систем може да се вмрежат до 20 такви сегменти преку TCP/IP мрежа. Со ова се добива поголема флексибилност при димензионирање на системите согласно реалните потреби. IDANet протокол овозможува вмрежување на централните единици кои управуваат со аарми за пожар и звучници за евакуација преку CAT5 кабел или SM оптички кабел.

Низа решенија

Низа решенија

Модуларно решение за дојава на пожар за големи системи

Previdia Max е модуларна противпожарна централа наменета за големи објекти како аеродроми, хотели и трговски центри.
Модулите се вградуваат во куќиштето на централата кое може да прими до 8 модули поврзани преку CAN DRIVE шина, а вкупно 4 вакви куќишта може да се поврзат во еден систем.

INIM Previdia Max

Компактно решение за дојава на Пожар за мали и средни објекти

Previdia Compact е компактна централа наменета за објекти со мала и средна големина, достапна во две верзии – со една и со две адресабилни јамки, во мало S или големо куќиште L, во зависност од потребната моќ на напојувањето и капацитетот на батериите (9Ah или 22Ah).

Централата има вградени RS485 конектори кои овозможуваат Hornet+ вмрежување. Исто така има вградена и Ethernet порта преку која може да се поврзе на локална или надворешна мрежа со цел вмрежување, конфигурирање, управување, како и MODBUS интегрирање на пр. со софтверот ABsistemDCi softverom.

INIM Previda Compact

Централи кои ги интегрираат функциите за дојава на пожар и EVAC

Контролните единици INIM Previdia Ultra и Ultravox ги интегрираат функциите за аларм за пожар, како и системите за евакуација (EVAC) и јавни адреси (PA). Контролните единици се достапни во три дизајни ( само пожар, пожар и EVAC, само EVAC ). Процесот на евакуација во алармна состоба се контролира со претходно снимени гласовни пораки или микрофон. Протоколот IDANet се користи за вмрежување на разводните табли Ultra и Ultravox, што овозможува интеграција во постоечкиот систем HorNet+. Директно вмрежување е можно преку кабел CAT5 (оддалеченост до 100m помеѓу 2 панели) или преку оптички кабел (до 2km растојание помеѓу 2 панели), така што не се потребни модиумски конвертори ( оптички влакна – бакарна жица за RS485 ). Ова, уникатно решение на пазарот, придонесува за оптимизација на трошоците за инсталација и одржување на системо.

Решение за конвенционален Против-Пожарен систем, управување со гасење или детекција на опасни гасови, вмреживо со Previdia адресабилните Против-Пожарни системи

Previdia Micro е конвенционална ПП централа која исто така е сертифицирана за управување со системи за гаснење според EN 12094-1, а може да се користи и за поврзување пропорционални детектори за детекција на опасни гасови. Достапна е во неколку верзии во зависност од функцијата и големината на објектите. Централната единица веќе има вградени RS485 конектори кои овозможуваат поврзување на Hornet+ со други контролни панели (или тастатури) на Previdia. Исто така, има етернет порта што може да се поврзе со локална или надворешна мрежа за вмрежување, конфигурација, известување преку дигитални IP дојави, управување и MODBUS интеграција со, на пример, софтвер ABsistemDCi. Помеѓу другото, поврзувањето Hornet+ на Micro централите, овозможува на поголемиот адресибилен систем за аларм за пожар да има дополнителна флексибилност при управување и следење на други безбедносни системи.

Безбедносно осветлување контролирано од контролните централи за аларм за пожар Inim

Безбедносно осветлување надгледувано со BUS Harper е компатибилен со адресабилен протокол INIM. Сите елементи на системот можат да се поврзат со адресабилни системи за аларм за пожар директно на истата јамка, на хардверско ниво. BUS комуникацијата помеѓу контролната табла за аларм за пожар и безбедносната опрема за осветлување им овозможува на двата системи да функционираат како еден, што во голема мера го поедноставува програмирањето, поврзувањето и одржувањето.

Адресабилна дојава за пожар

SmartLoop адресабилните централи за детекција и дојава на пожар се користат и во мали (1 јамка) и во големи (8 јамки) системи. Најголемата можна конфигурација е 30 централи, распоредени во token ring.

Конвенционална дојава за пожар

Конвенционалните Inim SmartLine централи за детекција и дојава на пожар се достапни во три различни верзии: со 2 зони, со 4 зони што може да се прошират до 20 и со 4 зони што може да се прошират до 36. Тие се сигурно решение за конвенционален противпожарен систем.

Безжична дојава за пожар

FireVibes безжичен аларм за пожар е решене кое најчесто се користи во готови згради каде нова инсталација не е пожелна или можн. Достапен е широк опсег на безжични детектори и дополителни уреди усогласени со европските стандарди. Бидејки FireVibes го подржува протоколот Inim, жичните и безжичните уреди може да се комбинираат во истата јамка.

Специјални методи за откривање

За неспецифични намени се користат специјални решенија за детекција – Stratos аспирациски систем, детектори за пламен, термосензитивни кабли, бариери за пожар и адаптери за воздушни канали.

Управување со противпожарен систем Previdia

INIM tipkovnica

Тастатура со екран осетлив на допир

Инсталацијата и управувањето исклучително се едноставни и се изведуваат преку 4,3“ (кај Compact централите) или 7“ (кај Max централите) екран осетлив на допир. На екранот може да се прегледува мапа од објектот со вцртани елементите од системот со приказ од нивниот статус во реално време што овозможува секој аларм многу брзо да се идентификува и точно да се лоцира. Со графичкиот екран е овозможено и поинтуитивно управување, програмирање и прегледување на настаните.

INIM C-Rep

C-Rep тестатура за далечинско управување

C-Rep контролната тастатура е компатибилна со централите Compact, Max и UltraVox. Се поврзува со Hornet+ мрежата преку комуникациски интерфејс RS485, обезбедувајки пристап до сите информации за поврзаните уреди.

INIM Previda Studio

Previdia Studio софтвер

Заподесување и управување со централите и вмрежените системи се користи Previdia STUDIO софтверот за конфигурирање, прилагоден и за уреди со екран осетлив на допир. Овозможува подесување и прецизна дијагностика на елементите од системот, чување , увоз и извезување на конфигурациите, како и создавање на прилагодливи извештаи во складност со регионалните прописи.

INIM Cloud Fire

Inim Cloud Fire & Mobile app

Дополнителна флексибилност овозможува Inim Cloud Fire веб простор на клауд сервер наменет за централизиран надзор и далечинско управување со Previdia системите, на кој може да се пристапи и преку мобилната апликација Inim Fire App (подржана од Аndroid и iOS уреди). Овозможува пристап за управување со централите и целиот систем , далечинска конфигурација преку Previdia Studio софтверот, онлајн преглед на настаните, планирање на термините за одржување, маил и инстант нотификации на Inim Fire App апликацијата за одредени настани. Безбедноста на податоците и стабилноста на системот се обезбедени со највисоките стандади (редундантност, енкрипција, сервер со TIER 3 и TIA-942 гаранција ). Користењето на Inim Cloud Fire е бесплатно за инсталатерите и за корисниците.

ABsistemDCi

ABSistemDCi® Софтвер за интеграција

Со Previdia системите може да се управува и преку ABsistemDCi офтверот за интеграција кој овозможува обединување на безбедносните, сигурносните и BMS системите.

Inim Previdia безбедносно решение и управување со објекти

Целосната заштита и управување со објектите е значително поедноставна со употреба на опрема од ист производител, како гаранција за нејзината целосна компатибилност и мрежни способности на хардверско ниво. Добар пример за целосна интеграција се решенијата на Inim за дојава на пожар и гас, контрола на гаснење, безбедносно осветлување и звучен разглас за евакуација, кои ја делат истата логика и напредни функции како што се управување преку графички мапи, Cloud апликации или видео верификација.

Интегрираното решение Inim има бројни предности, првенствено во однос на оптимизација на трошоците, значително помали се трошоците за каблирање, истата опрема се користи за комуникација и напојување, а системот се управува преку единствен кориснички интерфејс. Одржувањето е многу поедноставно и поефикасно бидејки истовремено се одржува инсталацијата на целото решение. Поради меѓусебната интеракција и координација , вкупната ефикасност на интегрираното решение во состојба на аларм е значително повисока.

Интеграција на противпожарен систем со други системи во зградата

Важна карактеристика на Previdia централите е дека се имплементирани различни можности за поврзување (RS485, оптика, TCP-IP) со централите, што овозможува интеграција со безбедносните системи на објектот. Централата е достапна во верзија со функција за управување со систем за гасење сертифицирана во складност со EN12094-1 нормата.

BUS надгледувано панично осветлување Harper е компатибилно со Противпожарниот протокол и сите елементи можат да се поврзат со Previdia централите дирекно на иста јамка. BUS комуникацијата помеѓу централите и EVAC опремата , овозможува двата система да функционираат како еден ,што значително го поедноставува каблирањето, програмирањето и одржувањето.

Системите од оддалечените локации можат да бидат надгледувани преку едно место. Интеграцијата со BMS уредите од различни произведувачи е можна и преку IFMLAN модулот во кој е имплементиран BACNET протокол.

Овозможена е и видеоверифкација на алармите преку поврзани IP камери во истиот систем(ONVIF протокол). За имплементација на графички мапи со интерактивна топологија на системот во самата централа потребно е да вградите дополнителна SD картичка.

ABsistemDCi софтверот за интеграција овозможува центрлизирано управување со Previdia системите, но воедно и со сите останати системи на објектот кои се интегрирани.