Select Page

Безбедноста и иновациите во фокус на Adria Security Summit 2025.

Две освоени награди и исклучително посетен изложбен простор се показател за стручноста, знаењето и исклучително важната улога на Аларм aутоматика во безбедносната индустрија на овие простори

Во хотелот Александар Палас на 8 и 9 октомври се одржа Adria Security Summit 2025 – најголемиот регионален настан од областа на безбедносната индустрија. Овогодинешното издание уште еднаш потврди дека највисоките стандарди во областа на безбедноста се постигнуваат заеднички, преку посветеност, стручност и соработка.

Како дијамантски спонзор и долгогодишен партнер на Самитот, Аларм Аутоматика собра голем број експерти, партнери и професионалци од регионот. Нашиот изложбен простор беше меѓу најпосетените, а учесниците имаа можност да се запознаат со најновите решенија и трендови во областа на safety и security, кои ја обликуваат иднината на заштитата.

Самитот го отвори инспиративното предавање на генералниот директор на Аларм aутоматика, Борис Поповиќ, кој ја нагласи клучната улога на интероперабилноста и иновациите во современата безбедносна индустрија.

Особена гордост ни претставува фактот што сме единствената компанија која освои две престижни AS Awards награди – EN 54 Line Fire Alarm by Ajax за најдобар производ во областа на противпожарна заштита и HALO Smart Sensor како најиновативен производ за 2025 година. HALO Smart Sensor носи ново ниво на безбедност во простории без камери, додека Ajax EN54 Fire Alarm поставува нови стандарди во безжичната противпожарна заштита.

Овогодинешното издание на Самитот го одбележаа и стручните предавања на нашите експерти за заштита од пожар, кои привлекоа голем број учесници и предизвикаа силен интерес кај домашната и странската стручна јавност. На овие предавања беа обработени регулативите и техничките аспекти на заштита од пожар, со практични насоки за правилно проектирање и примена на системите, а ги презентиравме и новите решенија за професионалците во техничката заштита на одлично посетениот настан во салата James Bond.

Им благодариме на сите кои не посетија и ги споделија своите искуства со нас. Вашата поддршка и доверба нè мотивираат да продолжиме да градиме побезбеден свет – на бранот на безбедноста.

По успешниот Самит во Скопје, со гордост го најавуваме продолжението на патувањето кон Букурешт! Се гледаме на штандовите 76, 77 и 78 на Romanian Security Summit 2025, премиерното издание на овој регионален безбедносен настан во Романија, каде што исто така сме дијамантски спонзор.

Alarm automatika
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.