Select Page

iDEA Classic Partner Day во Скопје ги надмина сите очекувања!

Новитети и врвна атмосфера – сето тоа во срцето на Скопје, со повеќе од 100 партнери кои со нас ја градат побезбедната иднина.

Во четврток, 15 мај 2025 година, ресторанот Парк, кој се наоѓа во самиот центар на Скопје, стана епицентар на собирот на индустријата за безбедност. iDEA Classic Partner Day 2025 ги собра повеќе од 100 партнери од различни сектори на техничката заштита, потврдувајќи ја својата репутација како едно од најзначајните B2B настани во календарот на Аларм Аутоматика.

Во препознатливиот елегантен амбиент на Парк, се споија деловната работа, знаењето и дружењето. Гостите уживаа во професионално водената програма, која традиционално ја модерираше Марко Новески, и имаа можност од прва рака да дознаат најнови информации од светот на безбедносните технологии.

На партнерите им беа претставени клучните технички новитети, како и новото издание на iDEA Classic каталогот. Особен интерес предизвикаа решенијата и брендовите што ги застапува Аларм aутоматика:

  • DVC со новата Dark View камера – нова генерација на напреден видео-надзор
  • Ajax Systems – иновативни безжични алармни системи
  • Comunello новите мотори за крилни врати
  • Ruijie – Reyee – професионална мрежна опрема за паметни системи
  • AB Sistem Park Lite софтвер – сопствен софтверски алат за управување со паркинзи и пристап

Освен презентациите, учесниците имаа можност преку неформални разговори да разменат искуства и да се поврзат во опуштена атмосфера со извонредна кујна.

Заедница што расте

Partner Day не беше само настан – беше израз на благодарност кон партнерите за долгогодишната соработка, доверба и заеднички раст.

Погледнете ја галеријата со фотографии:

iDEA Classic Partner Day 2025 уште еднаш покажа колку се важни дружбата, стручноста и отворениот дијалог за понатамошниот развој на безбедносната индустрија. Ви благодариме на сите што бевте дел од овој настан – ќе се видиме наскоро, со нови проекти, идеи и технологии што ја обликуваат иднината.

Alarm automatika
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.