Select Page

Стручно предавање Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти

Пожарот може да предизвика огромна материјална штета, а најлошо од сè, повреди и загуба на човечки животи. За да се спречат вакви последици, се применуваат обемни мерки за заштита од пожар кои опфаќаат различни сегменти од изградбата и користењето на објектите. Покрај градежните мерки, како што е огноотпорноста на пожарните сектори, и организациските мерки, како задолжителното поседување на рачни противпожарни апарати, заштитата од пожар вклучува и различни електронски системи. Нивната цел е рана детекција на пожарот, брза сигнализација до лицата кои се наоѓаат во загрозениот простор и до противпожарната служба, како и обезбедување безбедна евакуација на луѓето.

На предавањето ќе се обработат клучните аспекти на воспоставување мерки за заштита од пожар – регулативата што ја уредува оваа област и техничките аспекти важни за правилен избор на опрема и решенија.

Кому е наменето предавањето?

Предавањето Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти е наменето пред сè за проектанти, систем интегратори на безбедносни системи и лиценцирани фирми за испитување на системи за дојава на пожар, но и за сите други учесници во процесот на проектирање и градба.

Потврда за учество на стручното предавање

Сите учесници на стручното предавање ќе добијат официјална потврда за учество.

Котизација

Учеството на семинарот, како и влез на Adria Security Summit, е бесплатно.

Кога и каде ќе се одржи предавањето?

Предавањето ќе се одржи 8.10.2025., од 14:30 до 17:15, Главна конференциска сала, Хотел Александар Палас, Бул. 8 Септември бр. 15, Скопје

Настанот е дел од програмата на Adria Security Summit 2025., најголемиот и најпосетуван собир на професионалци од безбедносната индустрија во регионот.

До кога и како можете да се пријавите?

Со цел да обезбедиме доволно материјали, ве молиме најавете го вашето присуство најдоцна три дена пред одржувањето, преку online пријава.

За побрз влез на Adria Security Summit, дополнително регистрирајте се како посетител на веб-страницата на организаторот, преку линкот: Регистрација за Adria Security Summit 2025!

Што содржат материјалите?

Alarm automatika d.o.o.Учесниците ќе добијат примерок од  Прирачник за проектирање системи за заштита од пожар кој содржи основни упатства за проектирање на системи што се користат во градежни објекти за заштита на човечки животи и ограничување на материјалната штета при пожар. Прирачникот се темели на ЕУ норми, кои се прифатени и во Македонија од страна на Заводот за стандардизација и метрологија, па веруваме дека ќе биде корисен и за македонските проектанти.

Прирачникот е на хрватски јазик, издаден во 2023 година, а негови автори се вработени во Аларм аутоматика со долгогодишно искуство во проектирање на безбедносни и сигурносни системи.

По завршување на семинарот, учесниците ќе добијат PowerPoint презентации и PDF брошури.

Дневен распоред



14:15 – 14:30 Регистрација на учесници
14:30 - 14:45

Воведен говор

Претставник на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија

Тијана Коцевска, директор на Аларм аутоматика Скопје

14:45 – 16:15

Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти

Рената Дончевиќ, Аларм Аутоматика Риека

Ведран Михаљевиќ, Аларм Аутоматика Сплит
16:15 – 16:30 Пауза
16:30 – 17:15 Панел дискусија, Прашања и одговори

Теми на стручното предавање Заштита од пожар – регулатива и технички аспекти

Ќе бидат обработени прописите со кои се регулира заштитата од пожар во областа на градежништво и системите за дојава, како и споредба на регулативата во Македонија и Хрватска. Ќе се разгледа изборот на опрема, нејзините клучни карактеристики и усогласеноста со европските норми. Ќе се презентираат системите за дојава на пожар и поврзаните системи за сигнализација, како и нивната интеграција со системите за безбедна евакуација на луѓето, вклучувајќи одведување на чад и топлина, евакуациски разглас и безбедносна расвета.

* Предавањата ќе бидат на хрватски јазик.

Панел дискусија Заштита од пожар – регулатива и нејзина примена

8.10.2025., 17:15 – 18:00, Главна конференциска сала

Примената на мерките за заштита од пожар во сите земји од регионот се регулирани со посебни прописи и подлежат на инспекциски надзор. Главен фокус на панел дискусијата Заштита од пожар – регулатива и нејзина примена ќе биде спроведувањето на важечките закони и правилници, техничките норми, ефектите од одредени регулативи врз противпожарната безбедност и потребата од нивна модернизација. Панелисти ќе бидат претставници на различни институции задолжени за примена и надзор на противпожарната заштита – Министерството за внатрешни работи на Македонија, Министерството за внатрешни работи на Хрватска, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Комората за техничко и приватно обезбедување на Македонија.

Од кого може да се добијат дополнителни информации

Тијана Коцевска, Извршен директор, Аларм Аутоматика Скопје

E-mail: tijana@alarmautomatika.com

Тел: +389 71 358 896

Организатор на предавањето

Alarm automatika d.o.o.

Аларм aутоматика Д.О.О. е регионален лидер во индустријата за техничка заштита со повеќе од 35 години искуство и деловно присуство во 11 земји од регионот. Последниве години компанијата интензивно го развива проектниот сегмент – набавка, испорака, проектирање и инсталација на безбедносни и сигурносни системи. Компанијата во Скопје е основана во 2011 година и оттогаш има воспоставено соработка со бројни клиенти и реализирано голем број проекти во сегментот на безбедносни и сигурносни решенија.

Alarm automatika
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.