Во организација на Одделението за електротехника при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, на 17 и 18 септември 2026 година во Скопјe ќе се одржат 3-ти Денови на електроинженери.
Аларм автоматика активно ќе учествува на овој важен настан посветен на размената на знаења, искуства и најнови достигнувања во областа на електротехниката. Колешката Мими Прочкова ќе одржи презентација за Решенија за противпожарен аларм во јавни згради каде ќе бидат претставени практични примери и специфики при имплементација на противпожарен аларм во Градскиот музеј на Сплит во Хрватска и во основно училиште во Букурешт, Романија.
Во изложбениот простор на Аларм автоматика, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за опремата што се користи и применетите технички решенија.
