Select Page

На врвот на Скопје. Во срцето на индустријата – Partner Day 2026

Повеќе од 90 партнери го посетија денот на нови технологии, идеи и забава

Нашиот тим во Македонија, засилен од колеги од Загреб и Ријека, повторно направи одлична работа и собра повеќе од 90 партнери на годинашниот Partner Day 2026, одржан во уникатната атмосфера на Mercedes Lounge Bar во Скопје.

Прекрасната локација на покривот со панорамски поглед на градот обезбеди совршена позадина за ден исполнет со нови технологии, експертски разговори, размена на искуства и пријатно дружење, што уште еднаш потврди колку е важно да се поврзат партнерите, производителите и експертите од безбедносната индустрија.

За време на настанот, претставивме нов каталог на производи и решенија, како и бројни новитети кои ќе го одбележат претстојниот период. Презентациите и демонстрациите на водечки брендови од нашето портфолио, вклучувајќи ги DVC, Reolink,  Ajax Systems, и Wi-Tek, привлекоа посебно внимание од учесниците.

Посетителите имаа можност од прва рака да ги запознаат најновите решенија во областа на противпровала, видеонадзор, мрежна инфраструктура и паметни технологии, да разговараат со нашите експерти и да добијат конкретни одговори и препораки за нивните проекти.

Покрај официјалниот дел од програмата, интерактивниот квиз на знаење и наградната лотарија предизвикаа голем интерес. Им честитаме на сите победници кои добија вредни награди, но исто така им благодариме на сите учесници за одличната атмосфера и спортски дух низ целиот настан.

Со години, Partner Day не е само место за претставување производи и технологии. Тоа е настан каде што се создаваат нови деловни можности, се зајакнуваат партнерствата и се разменуваат искуства кои ни помагаат сите заедно да изградиме побезбедни, поповрзани и попаметни објекти.

Им благодариме на сите партнери и гости кои придонесоа за успехот на годинашниот настан и со нетрпение очекуваме нови средби и заеднички проекти.

За сите што не успеаја да бидат со нас – ви носиме фото галерија од настанот и дел од атмосферата што го одбележа Parten Day 2026 во Скопје.

Уште еднаш, благодарам на сите што беа дел од оваа приказна. Ќе се видиме наскоро на нови настани, со нови технологии, нови идеи и уште повеќе можности за заеднички раст.