Select Page

Откријте ја моќта на мрежните решенија на брендот Ruijie – Reyee

Во согласност со времето, но и со потребите на нашите клиенти, за кои мрежната опрема станува се позначаен сегмент во работењето, Аларм аутоматика од оваа година ја прошири својата понуда на мрежна опрема со висококвалитетни и ефикасни Ruijie-Reyee уреди. Кинескиот гигант, основан во 2000 година, денес има повеќе од 7.000 илјади вработени со дистрибуција во 50 земји ширум светот, а иновативните решенија за ICT инфраструктура и суб-индустриски мрежни решенија се нивната најголема предност.

Од решенија за мали канцеларии и домови, па се до телекомуникациите, здравството и бројни владини организации – сите овие го имаат брендот Ruijie-Reyee, а на вас е, со наша помош да го изберете најдоброто решение за вашите потреби.

Најважниот елемент од нивната производна линија, што ги прави иновативни и едноставни дури и за крајниот корисник, е целосно следење и контрола преку Ruijie Cloud, што значително го намалува времето и трошоците за инсталатерите и систем интеграторите, а централното управување со сите мрежни уреди и надзор на самата мрежа овозможува брзо лоцирање и решавање на секој проблем. Она што е дополнително голема предност на Ruijie Cloud е доживотно бесплатно членство.

Дознајте и вие зошто Ruijie-Reyee е еден од најбрзо растечките светски брендови кои за секоја ваша солуција или проблем има решение. Контактирате не или посетете ја нашата B2B страница и изберете квалитетна и иновативна мрежна опрема за вас.