Select Page

Спуштена е завесата на уште еден Adria Security Summit

Заврши уште еден многу успешен Adria Security Summit , неговото осмо издание во Љубљана, на кое сме исклучително горди. Зад нас се часови и часови посветена работа и исклучително успешна тимска работа на голем број колеги од земјите од регионот и нашата канцеларија во Словенија.

PСе потрудивме на иновативен и малку поинаков начин да ви ги претставиме бројни новитети во светот на техничката заштита и брендовите на кои сме горди дистрибутери. Ви благодариме Ajax Systems, Alex shop, Ambient System, Bas-IP, Comunello, IDIS, IndigoCare, Inim, Vivotek и Zenitel што бевте дел од оваа возбудлива приказна во светот на безбедноста со нас.

Покрај тоа, ја прославивме и 20-годишнината од нашиот DVC, најголемиот регионален бренд на видео надзор, видеофонија и сервери, кој уште еднаш предизвика голем интерес кај посетителите. За ова секако придонесе тркалото на среќата преку кое ја споделивме нашата среќа со вас, драги посетители на самитот.

По тој повод, не заборавивме на нашите најверни DVC клиенти, на кои им дадовме благодарници, без нив сето ова немаше да биде возможно, а нашиот 20-ти роденден го завршивме со стил – со роденденска забава.

Голема благодарност на сите што беа со нас

Уште една голема благодарност до сите кои го посетија нашиот изложбен простор и се запознаа со нашата понуда, како и до сите оние кои ги слушаа нашите колеги на исклучително интересните панели и презентации каде со ентузијазам зборуваа за она во што се добри – едноставно најдоброто.

Се вртиме кон нови предизвици, иновации и заедничко креирање на побезбедна иднина и сигурно ќе се сретнеме повторно на Adria Security Summit во 2024 година!