Во организација на Одделението за електротехника при Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на 17 и 18 септември 2026 година во Скопје се одржаа 3-тите Денови на електро инженери. Овој значаен настан собра бројни експерти со цел размена на знаења и искуства, како и претставување на најновите достигнувања во областа на електротехниката.
Како активен учесник на конференцијата, Аларм аутоматика ги претстави своите напредни решенија и долгогодишното професионално искуство, потврдувајќи ја својата позиција како сигурен партнер во имплементацијата на современи безбедносни системи.
Во рамки на стручната програма, нашата колешка Мими Прочкова одржа значајна презентација на тема „Технички уреди за откривање и јавување на пожар во објекти од јавен карактер “. Во рамки на презентацијата беа претставени современите технички решенија за откривање, јавување и управување со пожар во објекти од јавен карактер и детали од имплементација на хибриден систем за противпожарен аларм во споменик на културата од нулта категорија: Градскиот музеј на Сплит во Хрватска.
Презентацијата понуди увид во предизвиците и техничките решенија прилагодени на специфичните барања за заштита на објекти од културно наследство и образовни институции.
Во текот на настанот, изложбениот простор на Аларм аутоматика го посетија бројни посетители и учесници. Директните разговори со нашиот тим им овозможија подобро да се запознаат со нашите технички решенија и системи.
Задоволство ни е што бевме дел од овој значаен настан. Стекнатите искуства и воспоставените контакти се дополнителен поттик за нашиот понатамошен развој и проширување на иновативните решенија на пазарот.
